Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска и утре престојува во работна посета на Рим на покана на италијанскиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Антонио Тајани.
Во рамки на посетата, министерот Муцунски ќе учествува на 10-то издание на годишната конференција „Медитерански дијалог“ (Rome MED Dialogues), каде ќе има обраќање на панелот „Нова Европска комисија, стари европски приоритети“.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денес, на покана на својот италијански колега Антонио Тајани, е во работна посета на Рим, Италија, каде учествуваше на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог“ и се обрати на панелот насловен „Нова Европска комисија, стари европски приоритети“.
„Медитерански дијалог“ е годишна конференција на високо ниво за медитеранска геополитика, организирана од италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка и ISPI (Италијански институт за меѓународни политички студии). Нејзината цел е да се преиспитаат традиционалните пристапи кон медитеранската област и да се адресираат заедничките предизвици на регионално и меѓународно ниво. Skopjeinfo
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска и утре престојува во работна посета на Рим на покана на италијанскиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Антонио Тајани. Biznisvesti
Нагласил дека е потребно поблиско вмрежување и интеграција на нашата држава во европските структури што го покриваат медитеранскиот басен, како и зголемена интеракција со земјите од Европската Унија.
Муцунски, меѓу другото, истакнал дека Република Северна Македонија, преку својата традиција на меѓуетнички дијалог, кохезија и мирно решавање на билатерални спорови, придонесува за стабилноста на Југоисточна Европа, промовирајќи европски вредности, добрососедски односи и регионална соработка. Kanal5
Муцунски, меѓу другото, истакна дека Република Северна Македонија, преку својата традиција на меѓуетнички дијалог, кохезија и мирно решавање на билатерални спорови, придонесува за стабилноста на Југоисточна Европа, промовирајќи европски вредности, добрососедски односи и регионална соработка.
Тој исто така нагласи дека геополитичките реалности, како војната во Украина и ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, ја нагласуваат потребата од колективни решенија кои ги надминуваат индивидуални напори на поединечни држави. Skopjeinfo
За време на 29-та сесија на Конференцијата, Македонија, денеска успешно е реизбрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW) за периодот 2025–2027 година.
За време на 29-та сесија на Конференцијата, Република Северна Македонија, денеска успешно е реизбрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW) за периодот 2025–2027 година.
Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче и претседателката на државата Гордана Сиљановска – Давкова денеска ќе одржат работна средба.
Со оглед на фактот што станува збор за средба меѓу претседател на држава и претседател на опозицијата, јас не би можела да изнесувам ставови во аспект на Влада, се надевам дека ќе имаат конструктивен разговор за насоките во кои што ќе се делува во иднина, изјави портпаролот на Владата, Марија Митева, прашана за став околу денешната средба на Претседателката Гордана Сиљановска Давкова со лидерот на СДСМ Венко Филипче.
Впечатокот ни е дека досега многу се зборува за корупцијата, меѓутоа резултатите изостануваат и затоа сметаме дека со адресирање на овој проблем токму кај младите и со јакнење на нивните капацитети за препознавање и градење отпорност ќе можеме како општество да имаме значителни резултати во борбата со корупцијата.
Борбата против корупцијата е приоритет и младите треба да бидат охрабрени да ја препознаваат и да станат отпорни на секојдневната корупција.
На 70. годишна сесија на Парламентарното собрание на НАТО, која се одржуваше од 22 до 25 ноември 2024 година во Монтреал, Канада, учествуваше Делегација од Собранието на Република Македонија.
На 70-тата годишна сесија на Парламентарното собрание на НАТО, која се одржува од 22 до 25 ноември 2024 година во Монтреал, Канада, учествува делегација од Собранието на Република Северна Македонија во состав: Драган Ковачки, шеф на делегацијата, и пратениците Беким Сали и Славјанка Петровска, членови на делегацијата.
Адвокатската комора на Република Северна Македонија најостро го осудува насилниот напад кој се случи ноќеска, на 25 ноември 2024 година, околу 3.30 часот по полноќ, кога непознато лице насилно влегло во Комората и предизвикало пожар.
Среде ноќ запалена канцеларија на Адвокатската комора на РСМ.