Гаши оцени дека билатералната парламентарна соработка е со интензивна динамика со тенденција трендот да продолжи и во иднина.
Фреквенцијата на возвратните билатералните средби, за која претседателот Гаши се залагал и во текот на неговиот мандат како претседател на Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Косово, резултираше со значително унапредување на дијалогот меѓу двете држави и одржување на Втората заедничка седница на владите на 18 ноември годинава. Kanal5
Искажа и подготвеност Собранието да ги сподели искуствата во процесот на усвојување закони и надзор врз извршната власт во контекст на реформските процеси, како на патот кон Европската унија, така и во однос на членството во НАТО.
Како земја членка на НАТО, Република Македонија останува посветена на континуираниот ангажман на НАТО во Косово и на придонесот во КФОР. Novamakedonija