1 (12) ■ вести > македонија ■ 12-Mar 17:48 -> 14-Mar 18:19
.
.
.
.

Кривичниот совет ја преиначи мерката – Јахоски оди во притвор

  • Кривичниот суд се пишмани- сепак притвор за Асмир Јахоски, сопственикот на „Пуцко Петрол“

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, изјавена против решение на судија на претходна постапка против А.Ј. , а поврзано со истрагата за набавка на мазут во ТЕЦ Неготино, по одржана јавна седница како и ценење на наводите во жалбата и одговорот на жалба донесе решение со кое: Мерката куќен притвор , определена со решение на судија на претходна постапка се преиначува и се определува мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165. ст.1 т. 1 и 2 односно Опасност од бегство и Околности кои укажуваат дека истиот може да ја попречи истрагата со влијание врз сведоци.

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, ја преиначи одлуката за Асмир Јахоски и мерката куќен притвор ја преиначи во ефективен притвор..

7 (59) ■ вести > свет ■ 12-Mar 07:31 -> 14-Mar 16:16
.
.
.
.

Трамп: Се надевам дека Русија ќе го направи вистинскиот чекор

  • Трамп: Мислам дека ќе се случи анексија на Гренланд

  • Идниот премиер на Гренланд ги отфрла идеите на Трамп за американско преземање на островот

  • Расмунсен: Гренланд не може никој да го припои, тоа е прекршување на меѓународното право

Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека рускиот претседател Владимир Путин дал „многу ветувачка изјава, но не целосна“ и нагласи дека е подготвен да разговара со него за да обезбеди прекин на огнот во Украина.

Американски претседател Доналд Трамп повторно ја коментираше можноста за анексија на Гренланд од страна на САД, велејќи дека тоа сценарио станува сè поверојатно.

Веројатниот нов премиер на данската автономна област Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, ја отфрли идејата на американскиот претседател Доналд Трамп за американско преземање на огромниот остров во Арктичкиот круг, велејќи дека Гренланѓаните треба да одлучат за нивната иднина.

Шефот на данската дипломатија, Ларс Локе Расмусен, денеска изјави дека Гренланд не може никој да го припои, реагирајќи на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за можна анексија на Гренланд.

8 (15) ■ вести > македонија > политика ■ 14-Mar 11:04 -> 14-Mar 18:51
.
.
.
.

СДСМ: ДПМНЕ да ја праша Весна Јаневска колку го појача профитот на Пуцко Петрол со тендерите од МОН?

  • (ВИДЕО) Стојаноски: Благодарение на СДС и ДУИ, Пуцко петрол успевал за една година да го зголеми приходот за 40 проценти

Институции и општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ имаат склучено над 170 договори за тендери со Пуцко петрол, обвини СДСМ.

Откако пред некој ден син на пратеник од ДУИ, сопственик на Пуцко петрол како мерка доби домашен притвор за случај во којшто се сомничи за криминал тежок за 167 милиони евра за набавка на канцероген мазут за ТЕЦ Неготино, јавноста има право да знае дека стекнувањето, поточно зголемувањето на имотот на сопственикот на Пуцко петрол се случува благодарение на СДС и ДУИ, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

9 (14) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 14-Mar 11:40 -> 14-Mar 18:51
.
.
.
.

Во градежна депонија фрлал и закопувал остатоци од починати лица

  • Погребално претпријатие во Берово откопувало гробови, а човечките остатоци ги фрлало на друга локација

На 12.03.2025 во 17.15 часот во ОВР Берово било пријавено дека на место викано „Црвени брегови“, атар на Берово, бил забележан лиценциран извршител за погребални услуги во општина Берово како на градежна депонија фрла и закопува остатоци од починати лица, извадени од градските гробишта во Берово, информира Министерството за внатрешни работи.

Пред два дена на местото викано „Црвени брегови“, атар на Берово, бил забележан лиценциран извршител за погребални услуги во општина Берово како на градежна депонија фрла и закопува остатоци од починати лица, извадени од Градските гробишта во Берово.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија