Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски заедно со премиерот Христијан Мицкоски, заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, и директорот на ЈДГ „8 Март“, Силвана Савовска, денес поставија камен-темелник на нова градинка во населбата Расадник со капацитет за 120 деца.
Со изградбата на оваа и завршувањето на објектот „Верверичка“ и градинката во Потстаница, чија изградба е во процес, Кисела Вода целосно ги затвора листите за чекање за упис во градинка, а ќе може да прими и деца од други општини. Skopjeinfo