Комплетиран е новиот состав на Комисијата за помилување, а за утре е предвидено да се одржи првата конститутивна седница, брифираат од Кабинетот на претседателката, Гордана Сиљановска Давкова. Press24
За претседател на Комисијата за помилување е именувана д-р Милка Ристова, а за членови се именувани проф. д-р Оливер Бачановиќ, проф. д-р Александра Груевска Дракулевски, проф. д-р Блерта Ахмеди, проф. д-р Драгана Батиќ, проф. д-р Афет Мамути и м-р Доан Сулејманоски.
На првата седница на новиот состав на Комисијата за помилување присуствуваше претседателката Сиљановска Давкова, која на членовите на комисијата им посака успешна работа, изразувајќи уверување дека комисијата со својата работа, почитувајќи ги принципите за транспарентност и отчетност, праведност и еднаквост, хуманост и разбирање, ќе придонесе за јакнење на институционалната доверба, а одлуките ќе бидат пример за почитување на демократските вредности. Skopjeinfo
Конститутивна седница на новиот состав на Комисијата за помилување се одржа денеска во Кабинетот на Претседателот, откако претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за составот и за именување претседател и членови на Комисијата. A1on
Оваа Комисија е дел од телата на претседателката, која по предлог на Министерството за правда одлучува кој и какво помилување ќе добијат затворенците со правосилни пресуди.
Одлуките за помилување на осуденици, шефот на државата ја носи по препорака на Комисијата за помилување, која е постојано работно тело во служба на претседателот. A1on
На првата седница на новиот состав на Комисијата за помилување присуствуваше претседателката Сиљановска Давкова, која на членовите на комисијата им посака успешна работа, изразувајќи уверување дека комисијата со својата работа, почитувајќи ги принципите за транспарентност и отчетност, праведност и еднаквост, хуманост и разбирање, ќе придонесе за јакнење на институционалната доверба, а одлуките ќе бидат пример за почитување на демократските вредности – велат од Кабинетот на претседателката.
Претседателката Сиљановска Давкова, истакнувајќи ги своите заложби за владеење на правото и почитување на човековите права, ја нагласи важноста на институтот помилување и потребата целата постапка да не биде предмет на дневнополитички препукувања. Republika
Претседателот на Комисијата, Методија Каневчев, тогаш изјави дека при одлучувањето се воделе од делата или во случајот за Равманоски од првостепената пресуда на Основниот кривичен суд Скопје, која била условна, но потоа била заменета со ефективен затвор од страна на Апелацискиот суд.
По објавувањето на одлуката за помилувањата и реакциите во јавноста претседателката Сиљановска-Давкова тогаш посочи дека личностите на листата се интересни во негативна смисла, но и дека Комисијата се водела од конкретни дела. 360stepeni