Во обраќањето по повод Денот на МАНУ, нејзиниот претседател, академик Живко Попов, денеска се осврна на пречките на земјава на патот на зачленување во Европската Унија.
На одбележувањето на Денот на МАНУ односно 57-годишнината од основањето на Македонската академија на науките и уметностите, нејзиниот претседател, академик Живко Попов, денеска се осврна на иницијативата за основање албанска академија на науките во земјава и на Законот за употреба на јазиците кој е предмет на дискусија во јавноста и е на разгледување во Уставниот суд.