Јавното претрпијатие за државни патишта презема активни мерки за намалување на бројот на возила кои избегнуваат плаќање на патарина, и во таа насока во соработка со Министерството за внатрешни работи и Инспекторатот за транспорт и сообраќај изминатиов период беа организирани 13 контролни акции.
Инспекторите за транспорт со асистенција од МВР спроведоа контроли на наплатните станици Гостивар, Тетово, Желино, Петровец, Миладиновци и Отовица при што беа изречени мандатни казни од по 200 евра на сите кои се обиделе да избегнат плаќање на патна такса. Netpress