Секако разбираме дека има сѐ помалку луѓе за работа и дека треба бесмислената администрација да ја намалиме, две работи веќе можевме да ги обзнаниме, работиме на е-рецепти, што до крајот на полугодието 2025 треба да бидат во пробна употреба и во функција, каде комплетно ќе се елиминира хартијата и кај матичните доктори и кај аптеките и кај Фондот, поврзано со рецепти и ќе ги дигитализираме сите анекси за околу 1,500 ПЗУ за да тие може да се потпишуваат дигитално, да нема потреба да доаѓа хартија, потпишување и слично, информираше Клековски.