Со ова обезбедуваме поголема, транспарентност, независност и професионалност во процесот на вештачењето, порача министерот за правда Игор Филков.
Со ова, порача Филков, означуваме една нова реформа на нашиот правосуден систем и ќе се решат проблемите со кои се соочуваа вештаците со години наназад, како во поглед на заштита, така и во поглед на издавањето на лиценците и нивната важност. Biznisvesti
Филков потенцираше дека е убеден дека ова институција ќе стане синоним за стручност и ќе придонесе кон поефикасно и фер функционирање на нашиот правосуден систем.
,,Функционалната Комора на вештаци претставува клучен чекор кон подобрување на правниот систем и создавање силен механизам за контрола и поддршка на вештаците во Македонија . Комората ќе биде одговорна за лиценцирање, едукација и надзор на вештаците, во правец на јакнење на професионалните и етичките стандарди .Со ова, очекувам да се зголеми довербата во правосудниот систем како и перцепцијата за фер и објективни правни постапки,изјави Филков. Press24
Претседателот на Комората на вештаците, Виктор Камнар, смета дека со ова ќе се унапредат квалитативно сите судски вешти наоди со цел да го зголемиме квалитетот на сите управни и судски постапки.
„Следниот месец на веб-страницата на Министерството за правда ќе биде објавен јавниот повик за сите оние што првпат ќе сакаат да станат вештаци, да ги достават своите документи и она што е во надлежност на Комората, организирање обуки на сите идни вештаци во времетраење на 60 часа за да се овозможи добивање лиценца“, рече Камнар. Skopjeinfo
Со ова, додаде, тој очекува да се зголеми довербата во правосудниот систем, како и перцепцијата за фер и објективни правни постапки.
Претседател на обновената Комора на вештаци е Виктор Камнар, кој исто така имаше обраќање на денешната прес-конференција, во кое кажа дека нивната основна цел и визија е да ги унапредат и зголемат квалитетот на сите управни и судски постапки што се во тек и коишто ќе следуваат понатаму. 360stepeni
Министерот за правда, Игор Филков, и претседателот на Комората на вештаци, Виктор Камнар на денешната прес конференција соопштија дека со запишувањето на Комората на вештаци во Централен регистар се означува почетокот на една нова реформа во правосудниот систем.
„Една од моите први задачи кога стапив на функцијата ,министер за правда, беше Комората на вештаци да ја направиме да биде функционална. Press24
Тој очекува најдоцна до април следната година да се издадат првите лиценци за новите вештаци, а тековно да се работи на релиценцирање на сите професионални кадри кои работеле и досега.
Издавањето на лиценцата, посочи Камнар, е во надлежност на Министерството за правда, но сите обуки се преку Комората, во која се формирани 16 професионална одделенија. Kanal5