Во правниот поредок има директна колизија помеѓу Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство и актуелниот Кривичен законик, изјави Јована Мојсовска пратеничка од Левица.
„Додека Кривичниот законик телесната повреда при семејно насилство го означува како дело кое што се води по предлог, ЗСЗНЖСН го третира семејното насилство како јавно прашање и наложува гонење по службена должност: Токму поради ова Левица поднесе предлог-измена на член 130 став 5 од Кривичниот законик, со кои измени предлагаме и телесната повреда при семејно насилство да се гони по службена должност. A1on