Мандатот на претседателот на Судскиот совет е во траење од 2 години, согласно член 8 став 2 од Законот за Судскиот совет и неспорен е фактот дека истиот беше прекинат во периодот од 26,04. 2023 година до 03,01. 2024 година.
Навистина изненадуваат толкувањата за некакво продолжување на мандатот надвор од утврдениот законски период од 2 години, при постоење на неспорен факт дека при извршување на истиот, постои прекин, стои во соопштението на Дамева објавено на веб-страната на Судски совет. Biznisvesti
Имено, Милошоски објави дека во понеделникот Судскиот совет одржал работен колегиум, затворен за јавноста, на кој била отворена расправа за, како што вели тој, противзаконско продолжување на мандатот на претседателката на Републичкиот судски совет (РСС). Тој посочува дека Весна Дамева за претседателка на Советот е назначена 5 декември 2022 година и мандатот треба да и заврши на 5 декември оваа година, бидејќи Законот за Судскиот совет вели дека мандатот на претседателот и неговиот заменик трае две години без право на повторен избор.
„Сега дел од членовите на РСС, заедно со Дамева, се обидуваат на претседателката на Судскиот совет да ѝ дадат бонус продолжување на мандатот од 8 месеци, како компензација за периодот во кој беше неделовнички разрешена од таа позиција во април 2023 година. Libertas