Советниците на Град Скопје од редовите на СДСМ денеска побарале од претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, да свика вонредна седница заради сериозноста на проблемот со приватните превозници.
Советничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата, во Град Скопје, денеска до Претседателот на Советот на Град Скопје, поденесе барање за свикување на вонредна седница заради сериозноста на проблемот со приватните превозници Додека претседателот на Советот, Трајко Славески и градоначалничката Данела Арсовска си ја префрлаат топката кој е крив и кој треба да го реши проблемот, скопјани повторно се оставени на цедило да кубурат со нередовен и дотраен јавен превоз.