Претседателката на Судски совет, Весна Дамева, реагира на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за продолжување на мандатот преку соопштение во кое таа го појаснува времетраењето на нејзиниот мандат.
Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на Фејсбук објави дека во понеделникот Судскиот совет одржал работен колегиум, затворен за јавноста, на кој била отворена расправа и донесен заклучок за, како што вели тој, противзаконско продолжување на мандатот на претседателката на Републичкиот судски совет По информациите кои вчера и денеска беа објавени од дел од медиумите и од пратеници на владејачката ВМРО-ДПМНЕ дека во Судскиот совет се разговарало за продолжување на мандатот на актуелната претседателка на ова тело, Весна Дамева, попладнево со соопштение до јавноста се огласи самата Дамева.