Амбасадорите од Брисел, Лондон, Шведска, ОН во Виена, Прага, Сараево, Софија и Подгорица ќе треба да се вратат во земјава, бидејќи пред заминувањето не реферирале пред собраниската Комисија за надворешна политика.
Девет амбасадори ќе се вратат во земјава откако пред заминување не реферирале пред собраниската Комисија за надворешна политика пишува Се работи за амбасадорите од Брисел, Лондон, Шведска, ОН во Виена, Прага, Сараево, Софија и Подгорица, а ваквата можност се отвори откако на денешната седница на Законодавно-правната комисија беше потврдена можноста за иницирање отповикување на амбасадор да се толкува како одвоена постапка Одлуката на Законодавно-правната комисија е донесена со 8 гласови „за“, еден „против“ и ниту еден воздржан откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски поднесе иницијатива за автентично толкување на член од Законот за надворешни работи, а Владата даде позитивно мислење.