По најавата на министерката за образование, Весна Јаневска дека Државниот просветен инспекторат ќе го проверува случајот во Основното училиште „7 Март“ во селото Челопек, каде за време на приредба ученици беа облечени во униформи на ОВК и носеа пластиччни пушки, утрово од ДУИ преку писмено соопштение реагираа дека станува збор за продолжение на антиалбанските политики што се спроведуваат во последните месеци.
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска преку објава на нејзиниот профил на Фејсбук најавува поведување постапка против раководството и наставниците во ОУ „7 Март“ во Челопек за организирање на училишна приредба на која ученици се облечени во униформи со амблеми на неформални воени групации.
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, најави дека утре Државниот просветен инспекторат ќе го посети основното училиште „7 Март“ во Челопек, за да ја побара одговорност на училиштето поради организирање на училишна приредба на која учениците биле облечени во униформи со амблеми на неформални воени групации.