До идната пролет нема да има промена на временскиот период во кој домаќинствата може да користат евтина дневна тарифа за електрична енергија, најави денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука со која цената на МЕПСО за пренос на електрична енергија од 1 јануари се зголемува за 5,68 проценти, цената за дистрибуција на Електродистрибуција се намалува за 5,52 проценти, а цената на операторот на пазарот на електрична енергија МЕМО се зголемува а 19,8 проценти.
Не очекувам дека ќе има поголемо покачување од еден отсто на просечната цена за електрична енергија за домаќинствата, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетка (РКЕ), Марко Бислимоски.