Доколку училиштата не најдат решение за случајот со детето со насилно поведение, тогаш тоа ќе го решава Министерството за образование и наука, изјави денеска министерката Весна Јаневска, која ги повика директорите, градоначалниците и стручните служби да дадат дообјаснување до училиштата и до родителите на децата што учат во „Лазо Ангеловски“ и „11 Октомври“ за да се реши случајот со проблематичниот ученик поради кој цели одделенија од Центар веќе бојкотираат настава, а во „Лазо Ангеловски“, денес треба да се одлучи дали учениците утре ќе одат на настава. Fokus