Отчетноста и транспарентноста се и остануваат приоритет во нашето работење.
Во 2023 година, општините и Град Скопје потрошиле 67.269.053 денари (1,1 милион евра) за адвокатски услуги, додека, министерствата исплатиле 62.428.934 денари (1 милион евра), покажува истражувањето за исплатите за адвокатски услуги од буџетите на општините и министерствата што денеска го објави Центарот за граѓански комуникации.