Реформите ги правиме согласно мониторингот на Европа и така ќе продолжиме.
Ние не сме опасност, ние сме под чадорот на ЕУ и бидејќи таму во Брисел има политичари кои одлучија да бидат заложници на политичари кои се уште се со мислите во средниот век, наместо да гледаат кон 21 и 22 век, ние повеќе отстапки немаме намера да правиме додека сме влада. Denesen
Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека во вторник заминува за Брисел, се враќа во четврток, а за пораките оттаму вели дека не се баш така јасни, но нашата порака е јасна дека ние доволно направивме како ниту една држава во ЕУ. – Ние ќе продолжиме да промовираме европски вредности, ќе си ја вршиме домашната задача, ако се подготвени да најдеме конструктивно решение и да го продолжиме патот во ред, во секое време сме подготвени позитивно да одговориме на таквото барање, во спротивно можам да заклучам дека ние како држава, Балканот, за жал не сме во во фокусот на оваа админситрација на Брисел, изјави премиерот Мицкоски денеска од село Таринци во Општина Карбинци, каде што присуствуваше на поставување камен-темелник на доградба на детска градинка „Кокичиња“. Press24
„Ако од Брисел се подготвени да најдеме конструктивно решение и да го продолжиме патот, секогаш сме тука позитивно да одговориме на таквото барање.
Во спротивно, можам да заклучам дека ние како држава, Балканот, за жал не сме во фокусот на оваа администрација на Брисел“, рече тој. Nezavisen