Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда МL2.3. е регистриран рано изутринара во 01 часот и 36 минути во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава, во 01 часот и 36 минути, регистрира земјотрес чиj епицентар се наоѓа на 47 km југозападно од Скопје, во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар со Рихтерова локална магнитуда МL2.3. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Гостивар и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.