Сузбиена е 18-члена организирана криминална група, која извршувала убиства, изнуди, а е поврзана и со палењето на автомобилите на вработени во затворската полиција, информираше на денешната прес-конференција, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој изнесе детали за предметот „Беланоца-Барон“, а за кој претходно детално информираше и Јавното обвинителство.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека под истрага се поранешен премиер, вицепремиер, генерален секретар, директор и државни службеници за со криминалот во Лотарија на Македонија.
Потврдено е дека екс премиер и прв вицепремиер се дел од аферата со криминалот во Лотарија на Македонија.