Утрешниот Самит ЕУ-Западен Балкан нема да биде посветен на проширувањето на Унијата, туку на теми поврзани со Планот за раст на регионот, усогласеноста на западнобалканските партнери со заедничката надворешна и безбедносна политика, влијанието на руската инвазија врз Украина на нивните економии и со справувањето со миграцијата, па на собирот нема да стане збор прашања поврзани со преговарачкиот процес, како што се измените на Уставот на Северна Македонија, наведуваат извори од Европскиот совет. Libertas
Во предлог-заклучоците на Самитот ЕУ-Западен Балкан, без конкретно да се посочи земјава, се наведува дека помирувањето, инклузивната регионална соработка и добрососедските односи се сржта на Европската Унија, па затоа од суштинско значење е со добра волја и со видливи резултати да се спроведуваат меѓународните договори, вклучително и Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.
Сè уште се потребни решителни дополнителни напори за поттикнување на помирувањето и на регионалната стабилност, како и за изнаоѓање и спроведување на дефинитивни, инклузивни и обврзувачки решенија за регионалните и билатералните спорови и прашањата вкоренети во наследството на партнерите од минатото, во согласност со меѓународното право и воспоставените принципи – се вели во предлог текстот на „Бриселската декларација“. Plusinfo
Се уште се потребни решителни дополнителни напори за поттикнување на помирувањето и регионалната стабилност, како и за изнаоѓање и спроведување на дефинитивни, инклузивни и обврзувачки решенија за регионалните и билатералните спорови и прашањата вкоренети во наследството на партнерите од минатото, во согласност со меѓународното право и воспоставените принципи, се вели во предлог текстот на „Бриселската декларација“.
Во вчерашното интервју со петмина новинари од медиуми од Западниот Балкан, меѓу кои и МИА, претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта порача дека мора да се работи за целосно исполнување на обврските на земјава, кои се предуслов таа формално да ги отвори пристапните преговори. Press24