Ден пред самитот ЕУ-Западен Балкан и три дена пред средбата на лидерите на ЕУ, бугарскиот премиер Димитар Главчев ја потврди позицијата на Софија во однос на продолжувањето на преговорите на Македонија со блокот и ја обвини нашата земја за „неевропско однесување“. Libertas
Ситуацијата во Украина, како што навеле од бугарската владина прес-служба, ќе биде во првите редови на дискусиите на лидерите во Брисел при што се посочува дека состанокот ќе биде можност тие да испратат обединета и недвосмислена порака за поддршка на Киев за сеопфатен, праведен и траен мир.
Проширувањето на ЕУ, миграцијата, ситуацијата на Блискиот Исток и односите ЕУ-САД, исто така ќе бидат меѓу темите на средбата на шефовите на држави и влади во белгискиот главен град. Denesen