Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, в сабота ќе го затвори главниот цевковод Ф1600мм во кругот на касарната во населбата Ѓорче Петров, со цел да се изврши санација на дефект кој предизвика неколкудневно излевање на вода на улицата „Никола Парапунов“ во Карпош 4. Затворањето ќе трае до завршувањето на интервенцијата, а во соопштението од претпријатието се додава дека освен овој дефект, ќе бидат санирани и уште три дефекти на затварачи по должината на главниот цевковод, на потегот од кружниот тек во Ѓорче Петров до раскрсницата на булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Никола Парапунов“.
В сабота цело Скопје ќе остане без вода.