Неопходно е да се обезбеди и почитува независноста и самостојноста на Уставниот суд, како впрочем и на целиот правосуден систем, во сите аспекти, констатирале претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Дарко Костадиновски и амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Михалис Рокас.
Претседателот на Уставниот Дарко Костадиновски и судијата Татјана Васиќ-Бозаџиева, се сретнаа со амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Н.Е. Михалис Рокас.