Кривичниот суд во Скопје им определи мерка притвор од 30 дена на Артан Груби и Перпарим Бајрами, а мерката ќе биде применета откако ќе бидат пронајдени и станат достапни за органите на прогонот.
„По добиено известие од надлежното МВР, дека двете лица за кои Јавното обвинителство предложи мерка притвор од нивно пронаоѓање односно лишување од слобода, а поврзани со истрагата за Државна лотарија, се недостапни за органите на прогон, донесе решенија со што го прифати предлогот на Јавното обвинителство и им определи мерка притвор од траење од 30 дена“, соопштуваат од Кривичниот суд.