Грант од пет милиони евра ќе добие земјава за реализација на фотонапонските електрани „Битола 1“ и „Осломеј 2“ кои треба да придонесат за успешна енергетската транзиција. Nezavisen
Тој, укажа на придобивката од проектите со учество на локални специјализирани компании, вработени во РЕК Битола и РЕК Осломеј преку доедукација, како и на тоа дека многу вработени ќе бидат ангажирани во работните процеси во новите електрични централи.
Претставникот на ЕБОР посочи дека грантот за фотоволтаичните постојки во Осломеј и Битола е финансиран од Заедничкиот фонд за Западен Балкан и е доказ за поддршката на декарбонизацијата во земјата. Plusinfo
Фотоволтаичните електрани ќе бидат проектирани и изградени од најкомпетентни понудувачи во согласност со највисоките европски и светски стандарди.
Постапката за избор на изведувач за проектирање, набавка, изградба како и евалуацијата на понудите ќе се спроведува согласно правилата и условите на ЕБОР – наведе Узунчев. Plusinfo