Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
8
4.28
11.99
2.07/0.24
8.00
2.02
0.25
729.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 8
6 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 285.1
Best clustering variants
6 0.99/0.01 2 285.1

Концептот на дуално образование го создава потребниот, добро подготвен кадар за потребите на стопанството и со тоа го намалува јазот помеѓу понудата и побарувачката на пазарот на човечки капитал.

Заедно со нашите партнери, овој концепт на образование ќе продолжиме да го спроведуваме и надградуваме, во рамки на проектот „Образование за вработување“ кој пак, овозможи обединување на енергијата и заедничко креирање ефективни образовни политики, истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска при денешната посета на компанијата „Ронтис“ во Велес, каде заедно со швајцарската амбасадорка Вероник Улман, извршниот директор на Стопанската комора, Антони Пешев и со проектниот тим лидер, Курт Вутрих извршија увид во спроведувањето на практичната настава директно на работно место за учениците од Регионалниот центар за стручно образование и обука „Коле Неделковски“.

Skopjeinfo

Министерката изрази очекувања дека соработката помеѓу сите кои досега се грижеа за унапредување и промоција на средното стручно образование ќе продолжи, не само преку проектот „Образование за вработување“, туку и воопшто низ сите канали кои даваат ефект, додавајќи дека очекува наскоро да се донесе и новиот Закон за стручно образование и обука, кој е во собраниска процедура и со кој всушност системски ќе се уреди концептот на дуално образование.

„Како министерка преземам и конкретна иницијатива за оваа соработка да продолжи, па така веќе министерството испрати допис до општините и средните стручни училишта кои во координација со компаниите треба да достават информации за реалните потреби од одреден кадар, за да можеме соодветно да ги планираме и квотите за упис на ученици во средно образование во конкурсот за следната учебна година“, додаде Јаневска. Skopjeinfo