Од 9 до 15 декември во државава се пријавени 118 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грип – 34,1 отсто повеќе во споредба со претходната недела, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје, објавен попладнево. Netpress
Заболените се пријавени од 13 ЦЈЗ/ПЕ, Гостивар - 27, Дебар - 24, Куманово - 20, Скопје - 11, Кавадарци - 8, Тетово - 7, а во Неготино, Струмица, Охрид, Кратово, Прилеп, Кичево и Радовиш бројот на заболени е помал или еднаков на пет.
Во 10 извештајни единици кои пријавија случаи во текот на оваа недела се регистрира многу ниска, во две - Кратово, Гостивар - сезонска, а во една - Дебар - средна активност на вирусот на грип, пишува во извештајот. Press24