Младинското движење на студентите „Студентски отпор“ денеска соопшти дека студентите ќе излезат на улиците ако не се врати бесплатниот превоз.
Министерството за образование и наука и ЈСП Скопје нека бидат свесни – студентите нема да молчат додека нивното право на бесплатен јавен превоз се гази поради нечија неспособност и суетност! Libertas
Тие ја обвинуваат власта дека не бара решение на проблемите што се однесуваат на младите и образованието, истакнувајќи дека неуспехот на Министерството за образование и наука да го исплати долгот за превозот е доказ за тоа.
Претставниците на студентите од „Студентски отпор“ предупредуваат дека ова е директен удар врз нивните права и пристапот до образование, и дека ако не се врати бесплатниот превоз, тие ќе бидат принудени да излезат на улиците и да започнат со протести. Telma