Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска по посета на маркети во Скопје оцени дека цените на производите од новогодишната кошница што почна на 15. месецов се намалени за 10 проценти и повеќе.
Од Министерството за економија и труд информираат дека министерот Бесар Дурмиши, неговиот заменик Марјан Ристески и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски, денеска ќе посетат дел од маркетите вклучени во акцијата „Новогодишна кошница“.