Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози.
Воведени се забрани за движење на товарни моторни возила на следните патни правци: · Дебар-Маврово · Охрид-Кичево (Пресека) · Кичево-Гостивар (Стража) · Тетово-Попова Шапка (забрана за ТМВ, за сите останати видови возила задолжителна е употреба на зимска опрема). · Битола-Ресен (Ѓавато) Во прекин е сообраќајот Охрид-Ресен, поради сообраќајна незгода, соопшти АМСМ.