Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози.
Забрани за движење на товарни моторни возила воведени се повеќе патни правци низ државата и тоа Дебар – Маврово, Охрид – Кичево (Пресека), Кичево – Гостивар (Стража), Тетово – Попова Шапка (забрана за ТМВ, за сите останати видови возила задолжителна е употреба на зимска опрема) и Битола – Ресен (Ѓавато), додека во прекин е сообраќајот Охрид-Ресен, поради сообраќајна незгода, информираат АМСМ.