Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје потпишаа Меморандум за соработка, со кој се зајакнува врската меѓу образованието, науката и индустријата во областа на енергетиката и новите технологии. Faktor
Деканот Ташковски нагласи дека меморандумот ќе им овозможи на студентите да стекнат уникатно искуство преку практикантска работа и вклучување во проекти од национално значење.
Со ова партнерство, Министерството и ФЕИТ испраќаат јасна порака дека вложувањето во образованието и науката е клучно за обезбедување на одржлива и просперитетна енергетска иднина за Македонија. Kanal5