Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ е одложено за 23 јануари откако на денешното судење Јавното обвинителство дало мислење за примена на Законот за амнестија за обвинетите Миле Јанакиески, Спиро Ристески и Трајко Вељановски, а истото не се однесува на обвинетиот Владимир Атанасовски. A1on
Сега на судот останува да се произнесе за тоа дали за овие обвинети важи Законот за амнестија.
Обвинителството достави мислење до судот дека во конкретниот случај постои правна пречка за поднесување на обвинение за што треба да се донесат решенија за запирање на постапката. Fokus
Обраната во случајот „ Организаторите на 27 април“ денеска проглaси победа за случајот, кој е во судска постапка пред Кривичниот суд, бидејќи Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција вчера доставило мислење до судот дека со Законот за амнестија треба да бидат опфатени обвинетите Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Трајко Вељаноски.
Сега на судот останува да се произнесе за тоа дали за овие обвинети важи Законот за амнестија. Fokus
Овој случај од обвинителство го водеше контроверзната Вилма Рускоска на која и се препишуваат низа скандалозни одлуки.
Ваквата одлука на Обвинителство на констатирање на битни пропусти во постапката води кон целосно паѓање на целиот случај, кој важи за сите познавачи на правото за жестока конструкциjа. Denesen