Пратениците денеска ги изгласаа двете автентични толкувања од Законот за надворешни работи со кои се отвара можноста да бидат отповикани амбасадорите кои пред да бидат пратени во мисија, не се сослушани пред собраниската Комисија за надворешни работи.
Собранието денеска, во рамки на 27. седница, го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата и усвои четири одлуки: за разрешување на член на Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен, за изменување на Одлуката за именување претседател, потпретседател, членови и заменици-членови на Националниот совет за евроинтеграции, за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Северна Македонија, како и за изменување на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со парламенти на други држави.