Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите истакна дека интерпелациите поденесени за првиот вицепремиер Изет Меџити, вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, министерот на внатрешни работи Панче Тошковски, заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени и пратеничката и претседателка на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади Иљире Даути се очекува да бидат ставени на пленарната седница која би требало да биде свикана за 10 јануари следната година.
На почетокот на јануари на дневен ред во Собранието ќе бидат ставени сите досега поднесени интерпелации, најави денес претседателот на Собранието Африм Гаши.