Цвета Ристовска нема склучено договор за финансиски надоместок со Универзитетот за туризам и менаџмент и не е член на наставниот кадар, а предметите се распределуваат електронски.
Од СДСМ велат дека скандалозна е одлуката на ДКСК во однос на случајот со диркеторот на АНБ Бојан Христовски и таа мора да биде повлечена.
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) при носењето на одлуките постапува исклучиво во рамките на нејзините законски надлежности, информираат денеска оттаму, посочувајќи дека при разгледување на секој предмет ги утврдуваат фактите преку информации што ги прибавуваат од другите надлежни институции.
Универзитетот за туризам и менаџмент вчеравечер ја отстрани сликата на Цвета Ристовска од списокот на наставниот кадар на кој Ристовска се наоѓаше повеќе од десет месеци по нејзиниот избор за член на ДКСК.