Капиталните инвестиции оваа година ќе завршат на ниво поголемо од 70 проценти, од тоа што беше предвидено и планирано и мислам дека секогаш може да биде подобро, истакна денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски кој одговараше на новинарски прашања по пуштањето на реновираниот прв кат на Психијатриската болница во Скопје.
Ова е Влада која главен фокус во своето делување ќе го има на полето на реформите, тука пред се мислам на економските реформи, но и структурните реформи во општеството она што го зборувавме правдата, владеење на правото нешто кое е многу важно, да нема повеќе неказнивост или политички амнестирани лица зад завесата туку секој да биде отчетен за тоа што го сторил пред граѓаните, а што се однесува до националните атрибути ние не сме националисти туку едноставно патриоти луѓе кои си ја љубат државата и својот народ и својата нација“, истакна премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ насловен како „Македонија повторно твоја“.
На вчерашното гостување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ насловен како Македонија повторно твоја гостуваше премиерот на Република Македонија и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
„Ние работиме во интерес на граѓаните согласно закон и устав, а да, ќе се појавуваат таков вид таканаречени експерти коишто ќе толкуваат вака или така.