Премиерот Христијан Мицкоски очекува 2025 година да биде поуспешна од 2024 година, со раст на БДП помеѓу 3,5 и 4 проценти, инвестици од над милијарда евра и буџетски дефицит под 4 проценти.
Премиерот Христијан Мицкоски во новогодишното интервју за МИА вели дека овој состав на Судскиот совет можеби има легалитет, но нема легитимитет кај граѓаните.
Сегашниот состав на Судски совет можеби има легалитет, но нема легитимитет кај граѓаните, смета премиерот Христијан Мицкоски кој во интервју за државната агенција МИА нагласува дека кадровскиот потенцијал којшто треба да го освежи ова тело треба да биде со импозантна цел и агенда пред себе, но и со институционална меморија позади себе, односно да има биографија и тежина, бидејќи „ако ние едните ги замениме со други, а навиките и начинот на однесување останат исти, не сме направиле ништо“.
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски со видеообраќање објавено на неговиот фејсбук-профил им ја честитка Новата 2025 година на граѓаните на Македонија.