Во билтенот на Министерството за внатрешни работи (МВР) за месец декември од минатата година не постои податок на сообраќајна несреќа со мечка, како што тоа го тврди заменик-директорот на „Македонија пат“ и претседател на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар, Сашо Дранго, велат од Здружението за заштита на животните „Анима мунди“.
Анима Мунди реагира денес со соопштение во кое стои дека заменик директорот на „Македонија пат“ и претседател на Унијата на ветерани во Демир Хисар, Сашо Дранго, гордо се фотографира со мечка што ја застрелал во декември 2024 година.
Заменик директорот на Македонија пат и претседател на Унијата на ветерани во Демир Хисар, Сашо Дранго, бил фотографиран со мечка што ја застрелал во декември 2024 година.
Основното јавно обвинителство од Битола денеска отвори предмет за случајот со застреланата мечка и фотографијата на која позира Сашо Дранго, заменик-директор на „Македонија пат“.