Премирот Христијан Мицкоски не гледа институционален, ниту било каков пропуст во врска со бегството на ексвицепремиерот и висок функционер на ДУИ, Артан Груби, како и за актуелната недостапност на поранешниот директор на „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), Васко Ковачевски за органите на прогонот. Libertas
Што се однесува до Васко Ковачевски, тој е еден дваесет и тројцата осомничен во случајот „Адитив“.
Од вчера и тој се најде на листата на осомничени кои се бараат со меѓународна потерница што ја распиша Министерството за внатрешни работи по наредба и изјава на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГООК). Инаку, премиерот Мицкоски денеска беше прашан и за неговите критики кои изминатиот период ги упатуваше на адреса на Јавното обвинителство, поради, како што, тврдеше неажурност во постапките. 360stepeni