1 (14) ■ вести > македонија > хроника ■ 21-Mar 13:50 -> 21-Mar 14:48
.
.
.
.

Кај сите настрадани во пожарот во Кочани констатирана насилна смрт од задушување

  • Сите 59 жртви од пожарот во Кочани починале од задушување

Деканот на Медицинскиот факултет во Скопје, Светозар Антовиќ и раководителот на Институтот за судска медицина, Александар Станков денеска соопштија дека по трагичниот настан во Кочани за многу кусо време биле извршени 59-те обдукции на телата и идентификациите на починатите.

Кај сите 59 настрадани, причината на смртта е насилна и настанала заради насилно задушување и е во директна поврзаност со пожарот.

2 (38) ■ вести > македонија > хроника ■ 19-Mar 06:30 -> 21-Mar 14:38
.
.
.
.

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ, ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ, НО И ЧЛЕН НА ДНК СЕ МЕЃУ ОСОМНИЧЕНИТЕ - обвинителот Љупчо Коцевски со опсежни детали за несреќата

  • Вкупниот број на осомничени за пожарот во Кочани досега е 34 лица

  • ВЕРИЖНИ ПРОПУСТИ НА ПОВЕЌЕ НАДЛЕЖНИ ДОВЕДОА ДО СМРТ НА 59 ЛУЃЕ Пиротехниката го запалила пожарот во кабарето полно со 650 луѓе

  • Коцевски: Сите докази за „Пулс“ упатуваат на кривично дело – тешки дела против општата безбедност, за што е предвидена казна затвор до 20 години

Со повеќе детали за несреќата во Кочани и преземените дејствија денеска диртектно од Кочани излезе државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

Со завршување на истрагата ќе се разјаснат сите околности и факти за причината за пожарот, кој го предизвикал, начинот на предизвикување и со кое пиротехничко средство – изјави државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

Во досегашниот тек на истрагата за трагедијата во клубот „Пулс“ во Кочани опфатени се вкупно 34 физички лица и три правни субјекти и сите се обезбедени од страна на полицијата, информираше денеска државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски.

Оваа трагедија има димензии на национална катастрофа.

4 (20) ■ вести > македонија > хроника ■ 21-Mar 12:11 -> 21-Mar 15:01
.
.
.
.

ОБЈЕКТОТ НА ДИСКОТЕКАТА „ПУЛС“ БИЛ ПРОБЛЕМАТИЧЕН ПО 2011 ГОДИНА Реконструкцијата на внатрешноста била без никаква дозвола

  • Министерството за транспорт одзеде 97 лиценци согласно Законот за градење

  • СЕ ПРОВЕРУВААТ СИТЕ ЛИЦЕНЦИ ИЗДАДЕНИ ОД МИНИСТЕРСТВАТА Досега се одземени 97 од 643 проверени градежни и урбанистички лиценци

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, денеска на прес-конференција, оградувајќи се дека нема доволно информации, рече дека објектот на дискотеката „Пулс“ и неговата градба не била спорна до 2012 година, кога според него, почнала реадаптацијата за да почнат да се одржуваат забави.

Од издадени над 1.100 лиценци, Министерството за транспорт досега изврши контрола на 643 лиценци согласно Законот за градење и урбанистичко планирање поради што кај 97 лиценци е констатирано дека по издавањето, правните лица престанале да ги исполнуваат законските услови врз основа на кои се издадени поради што ќе се донесат решенија за одземање на лиценците – најави денеска министер за транспорт Александар Николоски.

Владата одлучи да се изврши контрола на сите издадени лиценци од страна на сите министерства и сите институции кои издаваат лиценци од било кој тип, информира денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

14 (5) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 21-Mar 13:16 -> 21-Mar 13:39
.
.
.
.

НЕЗАКОНСКИ ВРАБОТУВАЊА ВО ЈП „КОЛЕКТОРСКИ СИСТЕМ “ Поранешен директор примал кандидати без исполнети услови

  • Кривична пријава против шест лица за несовесно работење во службата

Полицијата поднесе кривични пријави против 6 лица поради незаконско вработување на двајца кандидати кои не ги исполнувале потребните услови за работа во Јавното претпријатие „Колекторски систем“ – Скопје, подружница Охрид, во текот на 2023 година.

СВР Охрид поднел кривична пријава против В.А.(53) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и против Л.А.(42) од Струга, В.А.(59) од струшкото село Радолишта, А.М.(55) од Струга, В.П.(49) од Охрид и Ј.Б.(49) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

24 (4) ■ бизнис > мои пари ■ 21-Mar 12:06 -> 21-Mar 13:27
.
.
.
.

Кумбароска Ванбeсин: Вештачката интелигенција треба да се разбере како добра алатка за поефикасно и побрзо работење

  • Марија Кумбароска Ванбeсин во „Бизнис-клуб“: „Вештачката интелигенција треба да се разбере како добра алатка која може да се користи за поефикасно и побрзо работење“

Во најновата епизода на поткастот „Бизнис-клуб“ со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески, гостин е Марија Кумбароска-Ванбесин, доверлив советник за стратешки вработувања на високи позиции во одбори и во извршното раководство на консултантското претпријатие „Корн Фери“ во Брисел, која изнесува ставови за значењето на човечките ресурси во остварувањето раст и развој во организациите и за потребата од вложување во нив во насока на зголемување на нивото на нивното знаење и на стекнувањето нови вештини.

Во најновата епизода на поткастот „Бизнис-клуб“ со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески, гостин е Марија Кумбароска-Ванбесин, доверлив советник за стратешки вработувања на високи позиции во одбори и во извршното раководство на консултантското претпријатие „Корн Фери“ во Брисел, која изнесува ставови за значењето на човечките ресурси во остварувањето раст и развој во организациите и за потребата од вложување во нив во насока на зголемување на нивото на нивното знаење и на стекнувањето нови вештини.

120 (6) ■ бизнис > балкан ■ 19-Mar 09:39 -> 21-Mar 09:24
.
.
.
.

Ќе се преполови бројот на работни дозволи за македонските печалбари во Германија – станува збор за работните дозволи

  • Германија ќе го намали бројот на работници од Балканот

Новиот коалициски договор на германските партии предвидува сегашниот број од 50.000 работни дозволи за Западен Балкан да се преполови и да се овозможи доаѓање на 25.000 работници годишно за да се контролира имиграцијата и да се намали притисокот врз домашниот пазар на труд Доколку Германија го преполови бројот на работници што доаѓаат од земјите на Западен Балкан, тоа ќе ги засегне и македонските граѓани што планираат да заминат на печалба во оваа земја, дознава од агенциите што посредуваат при вработувањето во странство.

Германските демохристијани и социјалдемократите преговараат за формирање нова влада, а една од клучните одредби на потенцијалниот коалициски договор во делот поврзан со миграцијата е намалување на бројот на работници во Германија од Западен Балкан.