Правен е по примерот на Хрватска, Словенија, Бугарија и Шведска и е донесен според ЕУ Директивата 2019/633 на Европскиот парламент и Советот од 17 април 2019 година, за нефер трговски практики во односите бизнис-бизнис во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи.
Со него се уредуваат правилата и мерките за спречување на наметнување нефер трговски практики кои отстапуваат од доброто трговско однесување, се утврдуваат нефер трговските практики во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи со чие наметнување се искористува значителната преговарачка моќ на купувачот во однос на неговите добавувачи, постапките за утврдување нефер трговски практики, како и соработката меѓу надлежните органи за спроведување на надзорот над примената на нефер трговските практики. Nezavisen
Со Законот за нефер трговски практики во синџирот на снабдување се опфатени 2.548 земјоделски и прехранбени производи, а во мониторинг периодот утврдени се 26 нефер трговски практики.
Се очекува Законот да воведе ред во делот на регулирање на односите на сите инволвирани страни во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи, а пред се да се ограничат дополнителните трошоци што се наметнувале досега (за складирање, реклама, маркетинг и персонал), и нивно ограничување на рабат на најмногу до 10 проценти. Skopjeinfo
Се очекува Законот да воведе ред во делот на регулирање на односите на сите инволвирани страни во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи, а пред се да се ограничат дополнителните трошоци што се наметнувале досега (за складирање, реклама, маркетинг и персонал), и нивно ограничување на рабат на најмногу до 10 проценти.
Оваа разлика директно влијаела на крајната цена на земјоделските и прехранбените производи, а ние се надеваме дека со доследно спроведување на Законот за одреден период ќе имаме стабилизација на цените на прехранбените производи и нивно постепено намалување, велат за МИА од Министерството за економија и труд. Sitel
Законот за нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи е донесен на 13 март лани, а стапи на сила на 28 септември, кога беше краен рок трговците да ги усогласуваат договорите за снабдување со добавувачите и производителите каде трошоците за рабат и други маркетинг трошоци се ограничени на 10 отсто.
Правен е по примерот на Хрватска, Словенија, Бугарија и Шведска и е донесен според ЕУ Директивата 2019/633 на Европскиот парламент и Советот од 17 април 2019 година, за нефер трговски практики во односите бизнис-бизнис во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи. A1on
Имаше одредени забелешки на примената на овој Закон и одредени потешкотии со кои се соочуваат и двете страни, па затоа решивме да оставиме период до крајот на 2024 година да видиме какви ќе бидат резултатите и доколку има потреба ќе поминеме кон техничко подобрување на овој Закон, нагласуваат од Министерството за економија и труд.
Посочуваат дека консултациите со сите инволвирани страни се во тек и, како што велат, на почетокот на 2025 година ќе излезат со конкретен став за примената на овој Закон, односно дали и кои делови ќе претрпат измени. A1on
Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) од денеска почнува со спроведување во пракса на казнените одредби од Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи, со којшто се очекува да се средат односите меѓу производителите, добавувачите и трговците. Nezavisen
Со Законот се ограничуваат надоместоците (за складирање, реклама, маркетинг и персонал) и рабат најмногу до 10 отсто, а кои согласно досегашната пракса (информации од производители и добавувачи) изнесувале од 20 до 35 отсто, што индиректно ги зголемувало малопродажните цени на производите.
Задолжена за спроведување на одредбите од Законот за нефер трговски практики е Комисијата за заштита на конкуренција, која изминатиов период се екипираше и веќе работиме со нив, прецизираат од Министерството за економија и труд за МИА. Nezavisen
Ова, како што посочуваат, е сосема нов Закон кој за првпат се носи, па оттаму нормално е да има одредени проблеми при неговата примена и при склучување на договорите.
Постојано сме во комуникација со трговците, производителите и со дистрибутерите, ги слушаме нивните забелешки на терен од кога стапи на сила овој Закон. A1on