Не е планирано ниту зголемување на давачките за пензиското осигурување, ниту на ДДВ-то што исто така беше дел од препораките на СБ. – Апсолутно останувам на ставот, тука не треба никој да има никаква дилема…Ние сме фокусирани на политики коишто ќе значат намалување на сивата економија, намалување на даночната евазија, повеќе пари да собереме во буџетот, истовремено раст на економијата и повеќе пари да собереме на тој начин во буџетот како би можеле сето ова да го сервисираме за што во моментот морам да кажам дека сме апсолутно ликвидни, дури после долго време имавме и суфицит во буџетот во еден месец, мислам дека беше октомври месец, од прилика 17 милиони евра, не беа милијарди и 200-300 милиони, така што најлесно е да удриме на грбот на граѓаните. Plusinfo