Очекувам предлог-законот за средно образование, кој во моментов е повлечен, наскоро повторно да биде вратен во собраниска процедура, рече денеска министерката за образование, Весна Јаневска, посочувајќи дека повторно ќе се дискутира, со цел да се најде заеднички јазик.
Има многу фронтови на кои истовремено продолжуваме да работиме.
Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска имаше средба со претставници на Националното студентско тело, Сојузот на средношколци и Форумот за образовни промени со кои разговараше за заедничките приоритети во 2025 година.