Kanal5
Град Скопје во минатата година поднесе повеќе кривични пријави за исфрлање и согорување опасен отпад и загрозување на животната средина, за кривична одговорност против сторители затекнати како исфрлаат опасен отпад, азбестни плочи и друг градежен отпад, меѓу што и опасен канцероген отпад во зелен појас, со што се нагрдува градот и доведува во опасност на животот и здравјето на скопјани, појаснија од Град Скопје.
За жал и по повеќе од две години, како што се додава во соопштението, сѐ уште нема реакција од Обвинителството, по поднесената кривична пријава за „Усје“, „каде се измерени трипати повеќе ПМ10 честички што се испуштаат во атмосферата од дозволените, на метар кубен секој час, што како сериозни прекршувања, се спротивни на издадената А интегрирана еколошка лиценца, што ја издава Министерството за животна средина“. Kanal5