Новиот Кривичен законик е завршен и чека мислење од Европската комисија по што ќе биде доставен во владина и собраниска процедура, а новиот закон за Судски совет треба да биде донесен до јуни годинава. Nezavisen
Се подготвува нов Закон за судска служба, Закон за кривична постапка и кодификацијата на граѓанското законодавство Во Извештајот на ЕК за напредокот на земјава во 2024 година, со вели дека генерално земјава има ограничен напредок во зајакнување на судската независност и подобрување на правната рамка за заштита основните права, додека нивото на подготвеност за спроведување на европското законодавство и европските стандарди од Поглавјето 23 – судство и основни права е помеѓу одредено и умерено.
На прашање од МИА, на што се работи и до каде се најавените закони од Владината програма 2024-28, од Министерството за правда велат дека Законот за Судски совет би требало да биде изгласан до јуни годинава, додека новиот Кривичен законик е завршен и по добивањето на мислењето од Европската комисија ќе биде доставен во владина и собраниска постапка. Civilmedia