Во Законот за работни односи, согласно член 82, се вели дека работодавачот може на работникот да му го откаже договорот за вработување без отказен рок во случаи на кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски утврдени со овој или друг закон, колективен договор, правилата за работниот ред и дисциплина и договорот за вработување, а особено ако работникот неоправдано изостане од работа три последователни работни дена или пет работни дена во текот на една година.