На помалку од две недели до формалното завршување на својот мандат, американскиот претседател Џо Бајден донесе уредба со која се прошируваат категориите на лица кои подлежат на санкциите на САД поради обиди за опспорување на суверенитетот и територијалниот интегритет на земјите од Западен Балкан, обиди за поткопување на повоените договори и институции, како и учество во значителна корупција.
Претседателот на САД Џо Бајден денес донесе извршна наредба за преземање дополнителни чекори во однос на ситуацијата во Западен Балкан, проширувајќи ги условите за лица кои можат да бидат санкционирани.
Американскиот претседател Џо Бајден ги прошири категориите на лица кои подлежат на американски казнени мерки за оспорување на суверенитетот и територијалниот интегритет на земјите од Западен Балкан, поткопување на повоените договори и институции, како и учество во значителна корупција што го поткопува владеењето на законот и довербата во демократското владеење и избегнувањето на санкциите на американската влада.